Матуранти од 14 скопски средни училишта денеска точно на пладне учествуваа на традиционалната „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Квадрилот во исто време се играше и во Гевгелија, Охрид и Струга. Освен во Македонија, матуранти танцуваа и во Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија. Од Дирекцијата за култура и уметност Скопје (ДКУ) велат дека во последните години, составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е положувањето „заклетва за ненасилство“ од учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува настанот.
Фото: Роберт Атанасовски