Мекалистер го одбра Ливерпул, но Маунт преферира трансфер во Манчестер јунајтед
1685010757

Ливерпул добива една битка со ривалите од Премиерлигата на трансфер пазарот, но се чини дека губи друга.

Алексис Мекалистер од Брајтон ги одбрал „црвените“ и Аргентинецот е на добар пат да стане ново засилување на Јирген Клоп вредно околу 60 милиони фунти.

Сепак, Мејсон Маунт има други планови, фудбалерот на Челси преферира да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

„Сините“ нема лесно да се откажат од Англичанецот и покрај тоа што тој е под договор до јуни 2024, се говори дека ќе бараат помеѓу 70 и 80 милиони фунти.