Нуркачите на Амфора го чистеа дното на Охридско Езеро 
1685206863

Во акцијата Охрид еко 2023 учествуваа  28 нуркачи од нуркачкиот центар Амфора, спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје, како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира  Амфора. 

а

Од дното на Езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви и друго. Проектот е реализиран со подршка на Скопско АД Скопје и на ресторанот Острово Свети Наум. 

„Најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку  реките кои се вливаат во езерото и носат огромни количини на отпад“, изјави раководителот на Амфора Јован Секулоски, интернационален инструктор тренер.

п

Нивниот предлог за поставување на мини брани со кои ќе се намали цврстиот отпад во езерото не се реализира веќе со години.