Реал Мадрид со два гола на Родриго ја победи Севиља на нејзин терен (ВИДЕО)
1685215256

Севиља поведе уште во третата минута од натпреварот, Мир беше стрелец на погодокот. Но тоа беше и единствениот гол на мечот за нив.

Во 29. минута Родриго го изедначи мечот на 1-1, а истиот фудбалер во 69. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 2-1.

Во финишот Акуња доби црвен картон, Севиља во последните 15 минути играше со фудбалер помалку.