Фолксваген демантира дека Сеат ќе престане да произведува автомобили
Фото: ЕПА
1694122810

И покрај овие неточни информации, побарувачката за моделите на Сеат е на многу високо ниво и продажбата забележува пораст од 18 отсто, достигнувајќи скоро 200.000 продадени возила. Продажбата и побарувачката остануваат високи поради многу добриот сооднос цена-перформанси и модерен дизајн. Ова се должи на зголемувањето на нарачките и на фактот дека производството на Сеат се врати на нивоата пред пандемијата. Најбараните модели на Сеат, ибица, арона и леон достигнуваат рекордна побарувачка“, соопшти Фолксваген групата.

Томас Шефер, извршен директор на Фолксваген и член на бордот на директори на Фолксваген групата претходно кажа дека постоечките модели на Сеат и понатаму ќе се произведуваат додека не им истечат традиционалните животни циклуси, но дека марката потоа ќе биде изгасена како произведувач на автомобили.

Името Сеат ќе остане и нема да биде повлечено, а Шефер кажа дека Фолксваген групата ќе најде улога за него. Наместо тоа, марката веројатно ќе биде свртена кон други решенија за мобилност како електрични тротинети и слично.

Шефер сега на својот профил на Линкдин, демантираше: „И покрај неточните информации што ги објавија некои медиуми, марката Сеат е посилна од кога било.“

Сеат продолжува да ја развива иднината на марката. Сеат ќе продолжи да произведува плаг-ин хибриди и ефикасни мотори со внатрешно согорување во иднина - до крајот на производниот циклус на моторите со внатрешно согорување, според европските закони. Планирано е моделите сеат ибица, арона и леон да добијат значителни промени и брендот во иднина ќе понуди нови можности за електрична мобилност, порачуваат од Фолксваген групата.