„Семејна фотографија“ на Тесла ја открива големината на сајбертрак во однос на другите модели (ФОТО)
1694607699

На фотографијата се гледа камион на Тесла како ги носи сите актуелни модели. Тука има црвен модел С на предниот дел, бел модел 3 зад него, син модел ипсилон и сосема новиот пикап сајбертрак. На долното ниво на приколката има црн модел 3, бел модел икс и сив модел 3. Единствениот модел кој недостига е долго ветуваниот родстер од втората генерација кој уште не стигнал до производните ленти.

тесла

Иако родстерот беше првиот обид на Тесла да направи привлечно и забавно електрично возило, всушност моделот С ѝ го донесе на компанијата светското внимание. Почна да се произведува во јуни 2012 и потоа следеше моделот икс во 2015, првиот кросовер на американската компанија. Иако овие два модела се продаваа добро (и понатаму) тие се прилично скапи, па за поголемиот дел купувачи се недостижни. Потоа пристигна моделот 3.

тесла

Иако Тесла имаше тешкотии при развојот на модел 3, и речиси банкротираше во процесот, тој брзо стана најдобро продаваниот модел на компанијата и најпродаваниот електричен автомобил во светот. Потоа пристига моделот ипсилон, на почетокот на 2020 и благодарение на големината стана уште попопуларен од модел 3.

тесла

Од сите модели на Тесла, во последно време најголемо внимание привлекува сајбертрак. Беше прикажан во ноември 2019, но дури неодамна сериозно почна сериското производство.