Промотор на книгата ќе биде реномираниот вокал, љубител на шахот и долгогодишна професорка која работи со талентирани деца во музиката Андријана Јаневска. Промоцијата ќе биде збогатена со продажна изложба на илустрациите нацртани и наменети за книгата од академските сликари и професори Игор и Викторија Егорови, а свој настап ќе има и актерската секција од училиштето чии членови ќе прочитаат стихови од книгата. Книгата е спој на елементи од сликовница и енциклопедија, со што децата лесно ќе ја засакаат шаховската игра. Исто така во септември стартува шахот како изборен предмет кај нашите првачиња и вторачиња, па затоа преку оваа книга ќе им се даде поддршка на децата што побрзо да ја засакаат играта, а родителите да ги разберат придобивките од оваа игра. Воедно наставниците ќе имаат одлично помошно средство во наставата. Сакавме да биде забавна и за децата кои не знаат да читаат, па се разбира и за нивните баби, дедовци, родители и повозрасни браќа и сестри, вели авторот.

1694662345
Објавено на
14.9.2023 - 5:38