Џемперот, којшто прикажува една црна овца во низа бели единки, е најден на поткровје во март од дизајнерката Џоан Озборн. Во описот на Сотби се вели дека тоа е „магичен црно-бел мотив со овци“ и е еден од првите модни дизајни на плетена облека на Сали Муир и Џоан Озборн од линијата „Топла и прекрасна“ (Warm and Wonderful) основана 1979 година.
Во белешката во каталогот се наведува дека „го носела Дијана Спенсер во 1981 година на поло-натпревар на принцот Чарлс“.
Овој пакет вклучуваше и две писма од Бакингемската палата до модниот бренд во коишто учтиво се објаснува дека џемперот е оштетен и се бара поправка или замена.
Интернет-наддавањето беше отворено на 31 август, на 26-годишнината од смртта на Дијана во сообраќајната несреќа во Париз. Сотби не го откри идентитетот на купувачот.