Уметничкиот одбор на фестивалот го сочинуваат Ранди Том, кој има добиено двапати Оскар и еден од најпочитуваните звучни дизајнери во Холивуд. Работел на класици како Војна на Sвездите, Индијана Џоунс, Форест Гамп, Хари Потер. Понатаму, Ричард Кинг - саунд дизајнер на речиси сите филмови на Кристофер Нолан, добитник на 4 оскари. Мајкл Минклер - три оскари, работел на ЏФК, мјузиклот Чикаго, како и на неколку филмови од Квентин Тарантино. Стевен Варбек - оскаровец, за музиката на Заљубениот Шекспир. Роберт Таунсон - еден од најуспешните филмски музички продуценти на светот.
„Бизнисот на задоволството“ досега се закити со награди на повеќе меѓународни фестивали, а во октомври ќе биде премиерно прикажан и во Италија на 27. издание на фестивалот „International police award arts festival- IPAAF“.
Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола