Шампионот беше немоќен во Скопје, Вардар покажа дека оваа сезона ќе ги напаѓа сите трофеи, а веќе го крена пехарот од Суперкупот.
Пелистер ужасно го почна мечот, првиот гол го постигнаа дури по седум ипол минути игра и тоа од пенал. Вардар водеше со 6-1. Но како одминуваше времето битолскиот тим се созема и се доближи до 8-5. На паузата домаќините водеа со 15-12. Можеа и повеќе но голманот Лесјак беше одличен.
Во воведниот дел од второто полувреме Вардар дојде до највисока предност, поведе со 19-13 во 36. минута. Но Пелистер повторно се врати, на десетина минути до крајот дојде до -2, беше 21-19 за вардарци.
Сепак финишот од мечот му припадна на Вардар кој на крајот славеше со пет голови разлика, конечниот резултат беше 30-25.
Лазаревски и Срдановиќ беа најефикасни кај Вардар, постигнаа по шест гола, Петриќ даде пет, Јасухира четири. Кај Пелистер Борзаш, Костески и Кузманоски постигнаа по пет гола.