Крадец баран со потерница спроведен во затвор
Фото Пиксабеј
1695024421

„За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“ соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР информира дека И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.