Ахмети: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и за Кривичниот законик
1695041184

„Нема никаков договор со ВМРО за да се изгласаат уставните измени. Мицкоски го искажа јавно својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат. Ова е многу жешка тема тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде многу се разликуваме со ВМРО“, изјави Ахмети.

Тој објасни и како течеле преговорите за измените во Кривичниот законик. Се разговарало три години, за на крајот опозицијата да биде против промените кои предизвикаа бура реакции во јавноста.

„Kога се договоривме со СДСМ, се повлече ВМРО, се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имавме десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и да се усогласи со европските стандарди. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никога Груевски и мене“, изјави Ахмети.

Пред ова, вицепремиер Артан Груби тврдеше дека измените во Кривичниот законик биле барање на ВМРО-ДПМНЕ на секоја можна средба.

„Овие измени на Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на господинот Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, на сите лидерски средби и на билатерални средби во однос на измените на Кривичниот законик“, изјави неодамна Груби.