Во среда од 21 часот Баерн Минхен го пречекува Манчестер јунајтед во меч од Лигата на шампионите.
Двата клуба во натпреварот ќе влезат по разочарувања од изминатиот викенд. Баерн Минхен загуби два бода во 94. минута кога Леверкузен им израмни од пенал, а Јунајтед на Олд Трафорд загуби од Брајтон со 3-1.
Баерн Минхен за утрешниот меч ќе биде без Тухел на клупата бидејќи стратегот е суспендиран откако беше исклучен минатата сезона на последниот меч на Баварците на гостински терен кај Манчестер Сити.