Поскапуваат горивата
1695051959

Новата цена на литар еуросупер БС - 95  ќе изнесува 90,5 денари, а останува иста цената на еуросупер БС - 98 и ќе изнесува 92,5 денари. Литар  еуродизел БС (Д-Е V) со поскапувањето ќе чини 87 денари, додека новата цена на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 86 денари. 

Се зголемува и цената на мазутот М-1 НС за 0,964 денари и килограм ќе чини 48,268 денари. 

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 15 месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,225 проценти, кај дизелот за 1,906 проценти, кај екстра лесното масло за 1,619 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,445 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,042 проценти.