Ердоган: Нема победник во војна, ниту губитник во мир
Фото: ЕПА
1695060000

Како што објави кабинетот на турскиот лидер, Ердоган за време на вечера во Њујорк во организација на американско-турскиот национален комитет, изјави дека Анкара досега успеала „да оствари доста дипломатски успеси“ и дека продолжува да вложува напори, цврсто верувајќи во тоа дека „во војна нема победник, а во мир нема губитник“.

Зборувајќи за украинската криза но и за глобалните проблеми, турскиот претседател истакнал дека посредничката улога на Анкара во решавањето на различните проблеми во светот е сè поголема, и дека неговата земја придонела во усвојувањето на Договорот за житото, но и во размената на некои заробеници меѓу Москва и Киев.

Ердоган зборувал и за соработката на Анкара и Вашингтон и порачал дека односите на двете земји се подобруваат, и дека со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден е договорено зајакнување на соработката.