Ахмети во интервју за ТВ 21 вели дека имало неколку тајни средби изминативе неколку години и начелни договори, последен од нив се повлекол актуелниот претседател на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.
Не точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина, изјави Зоран Заев, поранешниот премиер за ТВ 24 по изјавата на Али Ахмети, лидерот на ДУИ дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на КЗ со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.
18.9.2023 - 21:33