Според косовски функционери од денеска Косово и Македонија ќе имаат заеднички гранични премини
1695065863

Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Македонија, на премините Генерал Јанковиќ – Блаце и Глобочица-Јажинце.

Од денеска Република Косово и Република Северна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, Генерал Јанковиќ – Блаце“ и Глобочица-Јажинце, напиша Свечља.

Овој договор, според косовскиот министер за внатрешни работи, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“.

„Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт“, напиша Свечља.