Илон Маск: Фондацијата на Сорос сака да ја уништи западната цивилизација
Фото: ЕПА
1695075139

„Се чини дека организацијата на Сорос не сака ништо помалку од уништување на западната цивилизација“, напиша сопственикот на социјалната мрежа Икс. Фондацијата на Сорос Отворено општество ги поддржува групите на граѓанското општество, вклучувајќи ги и оние кои се бават со безбедноста и добросостојбата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.

Групите за граѓански права го обвинуваат Маск за јакнење на антисемитизмот на неговата социјална мрежа, што тој го негира. Инаку, Маск денес требаше да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Најавено беше дека двајцата ќе разговараат за вештачката интелигенција, а не за Лигата против клевета (АДЛ), со која Маск е во кавга околу антисемитизмот на Икс.

Вашингтон пост минатата недела извести дека состанокот е всушност најновиот чекор во кампањата на еврејските пријатели и сојузници на Маск да ги спречат сè поголемите критики околу наводниот пораст на антисемитскиот говор на Икс. Маск се закани дека ќе ја тужи АДЛ, група за граѓански права со седиште во САД која наводно се бори против антисемитизмот и фанатизмот.

Тој ја обвини АДЛ дека се обидува да го уништи Икс „лажно обвинувајќи го него и социјалната мрежа за антисемитизам“. Групи за граѓански права, како Центарот за сузбивање на дигитална омраза и АДЛ, објавија заклучоци дека количеството на говор на омраза на Икс пораснало под Маск, но без да дадат докази за тоа.