„Исцедок“ од Дрисла ја загадил Маркова Река, депонијата може да биде казнета со 120 илјади евра
Фото: социјални мрежи
1695729316

                                  Фото: Маркова Река - земање мостри за лабораториско испитување

Вонредниот инспекциски надзор бил извшен по пријава од граѓани од селото Батинци при што е утврдено дека во Маркова река има поголеми концентрации на загадувачки супстанци од дозволеното. 

Од Владата денеска информираа дека вонредниот инспекциски надзор е извршен на 4 септември и дека визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но не е почувствуван некаков мирис. Истиот ден од страна на акредитираната лабораторија за животна средина Еуромак контрол земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова Река и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци при што се утврдени концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности кои потекнуваат од исцедокот од депонијата.

„Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор“, велат од Владата.

д

Жители на Батинци и на тој регион неколку пати во изминатите два месеци протестираа пред депонијата со тврдење дека таа го загадува воздухот и реката и дека поради тоа е зголемен бројот на лица болни од рак и респираторни болести.

Неодамна имаше и пожар во депонијата од што се издигаше густ чад кој се движеше кон населби од Скопје, а за пожарот алармираа невладини активисти од Батинци. Од депонијата излегоа со тврдење дека пожарот бил подметнат и се заканија со кривични пријави.