Ликовите од сликовницата - белата блуза Лефти и панталоните Рајти се оживеани благодарение на актерите Гоце Андонов, Ана Димитрова и Надица Дојкоска од „Театар за тебе“. Режисер на претставата е Изабела Јакимова.
После првата распродадена театарска претстава, закажана е и втора претстава закажана за во 15 часот.
„Театар за тебе" e организација која е активна една година и која создава претстави и работилници за деца. Најпозната нивна работилница е „Марсовски пикник", а особено се барани и по едукативната претстава „Мобиленд".