Три медали за каратистите на Макпетрол на Балканското првенство во Љубљана
1700486290

Каратистите на „Макпетрол“ ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).

Трајковски во категоријата до 84 килограми во У-21 извојува пет убедливи победи, а во финалето славеше 3-1 против Михајло Василиќ од Србија. Ова е нов успех на членот на „Макпетрол“ по бронзениот медал што го освои на Светските игри на боречки спортови во Ријад, Саудиска Арабија, во конкуренција на Топ 8 спортисти. Тој е прворангиран и на Светската ранг листа на Светската карате федерација (WKF).

Стојановиќ (+84 кг) во борбата за бронзата славеше против Антон Баждариќ од Хрватска со 4-1, а во полуфиналето загуби минимално од Немања Јововиќ од Црна Гора со 1-2.

Македонија на најмасовното и најквалитетното регионално првенство настапи со 102 каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. На Балканското првенство настапија рекорден број од 1007 каратисти со 1078 натпреварувачки влезови од 13 држави.

s