Aпасиев ги расфрла амандманите, а Крмов повторно откорна и фрли монитор
Фото: социјални мрежи
1700493701

„Мора да ја прекинете седницата и објаснете зошто амандманите не се заведени и како тоа од над 2.000 амандмани, само 12 се уредни, а останатите не се ниту заведени. Тоа е самовоиле“, рече Апасиев.

Претседавачот со седницата Горан Мисовски мирно реагираше и продолжи да ја води седницата, велејќи дека се раководи од деловникот и дека за секој амандман се оди според процедурата.

Како што се одбиваа амандманите од тие 12 „уредни“ од страна на останатите пратеници во Собранието, реагираше повторно Крмов.

х

„Прекинете ја седницата. Ескалираше ситуацијата кон опремата, но ќе ескалира и во друга насока. Ние сме избрани не за да молчиме и да користиме привилегии, туку да работиме за народот. Или прекинете, или исфрлете ме, исфрлете нѐ. Викнете обезбедување и сторете го тоа. Ајде тепајте нѐ“, повика Крмов и овојпат настрада еден од микрофоните од пратеничката говорница.

Потоа Крмов се качи зад грбот на Мисовски, фрлаше кон него листови од амандмани и се обиде да му ја земе, можеби електронската картичка. Мисовски не возврати.

Што се однесува до претседателот на парламентот, Талат Џафери како предлагач на нов деловник, седи во пратеничките клупи и се изјаснува дали некој амандман се прифаќа или не.

Инаку, пред инцидентот, Крмов на својот Фејсбук објави: „СДС-ДУИ ќе ги тепаат пратениците на Левица додека ДПМНЕ им прави кворум на седницата“.

Некаде истовремено и Апасиев се беше огласил преку Фејсбук:

„Се спрема финалниот ШВЕРЦЕРАТ во Собранието на Северна! СДС-ДПМНЕ-ДУИ вс Левица. Договорено е и физичко вадење на пратениците на Левица од пленарната сала, само и само да помине Деловникот со кој опозицијата би станала излишна. Епа, ОК. Предизвикот е прифатен. Кад је бал, нека биде маскенбал“.

Во официјално соопштение, објавено во исто време, Левица порача:

„Ја информираме јавноста дека на денешната пленарна седница на Собрание, криминогената широка коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ се подготвува насилнички, СО ШВЕРЦ БЕЗ ПРЕСЕДАН, да го донесе новиот Деловник!

Иако Левица уредно поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник со кој се укинува филибастеринг - власта е подготвена брутално да ги прекрши собраниските процедури и да ги угнети пратеничките права! Ваквото насилие е целосно погребување на македонската демократија, а пратениците на Левица се подготвени и ФИЗИЧКИ да го бранат народниот мандат!